Во брак 44 години, никогаш не се појави во медиумите – Вака изгледа сопругата на Босанац

ИЗВОРНов Лист
|

Драган Стојковиќ Босанац долги години е член на жирито на популарното натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а во последната сезона најголемо внимание привлекоа неговите кавги со Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Босанац зад себе има успешна и долга кариера, а за неговиот приватен живот малку се зборува.

Познато е дека Босанац е во хармоничен брак 44 години, но сопругата Дуња никогаш не ја разоткрил во јавност, а сега се појави семејна фотографија која ја објавила нивната ќерка.

Босанац и таа ги имаат синот Александар и ќерката Александра, која е пејачка.

Хармоникашот ја крие Дуња, а во една прилика зборуваше и за нивната љубов.

Драго ми е што мојата сопруга никогаш не сакаше да биде ѕвезда.Таа е мојата најголема и искрена поддршка во однос на нешто што се нарекува љубов кон семејството и децата, а јас доаѓам овде како сопруг.Вистинската работа е кога го чувствуваш тоа.