И покрај договорите со синдикатите, како што информираше денеска министерот за финансии, во буџетот за 2022 година не се предвидени пари за регрес за годишен одмор за вработените во јаниот сектор.
За 2021 година има пари што се планирани со ребаланс на буџетот, а за 2022 година нема пари за К-15 за администрацијата, изјави Министерот.
Парите што се наменети со ребалансот, всушност се за еден дел од администрацијата, односно за околу 27.000 работници, членови на Синдикатот на работници од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, кои со граѓански договор успеаја да го извојуваат ова право.
Инаку на протестот кој се одржа во неделата, едно од барањата на Сојузот на синдикати беше толму тоа, К-15 да има за сите вработени, и во приватниот и во јавниот сектор, со цел да нема дискриминација и поделба на работниците.
Според соопштението, Владата и синдикатите се договориле работната група да ги прибере сите потребни податоци со цел детална разработка на можните оперативни решенија за зацртаните социјални цели, најдоцна до 20 јануари 2022 година.
Извор: Слободен печат