|
Македонците од четврток, 20-ти јануари ќе можат да влезат во Бугарија со приложување валиден сертификат за имунизација или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.
За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен ПЦР тест.
Поради влошената епидемиолошка ситуација, Македонија продолжува да биде во т.н. Црвена зона, но со најновата одлука се укинуваат ограничувањата за влез за неесенцијални потреби.