Околу 70.000 луѓе протестираа денеска во Прага против чешката влада, Европската унија и НАТО алијансата, барајќи од владејачката коалиција да го спречи поскапувањето на енергенсите.
„Целта на нашиот протест е да побараме промени, главно во однос на проблемот со цените на енергијата, особено струјата и гасот, кои ќе ја уништат нашата економија оваа есен“, изјави Јиржи Хавел, еден од коорганизаторите на протестот.
Протестот на плоштадот Вацлав во центарот на градот се одржа еден ден откако владата го преживеа гласањето за доверба по обвинувањата на опозицијата за неактивност против инфлацијата и зголемувањето на цените на енергијата.