Велика Британија по Брегзит е соочена со недостиг на голем број работници од повеќе професии, а во овој новогодишен и божиќен период, верувале или не, недостигаат професионални Дедо Мразовци.
На еден сајт за вработување во Велика Британија, неделава има стотина слободни работни места, се бараат луѓе подготвени да работат како Дедо Мраз и да го прават тоа што се очекува од него.
Во овој претпразничен период тие се многу барани во Велика Британија, па од таа работа може и добро да се заработи. Според пишувањето на медиумите, дневницата за Дедо Мраз е тројно зголемена.
„Има недостиг на Дедо Мразовци и негови помошници“.
Тој укажа дека се нудат дневници до 800 фунти што е околу 940 евра. Oва е поврзано со панде*ијата, бидејќи во минатото таа улога ја преземаа постарите мажи, кои сега спаѓаат во ризични групи. Со оглед на тоа дека работата на Дедо Мраз е поврзана со многу контакти, повозрасните граѓани одлучија да се заштитат себеси и да не се занимаваат со тоа.
Во повеќе градови се организирани обуки за Дедо Мраз, а 78% од испитаниците во едно истражување на јавното мислење не веруваат дека ќе наидат на Дедо Мраз годинава.