Во Драч уапсен македонски државјанин баран од Интерпол

|

Во пристанишниот град Драч, албанската полиција уапсила 45-годишен македонски државјанин, при обид да ја напушти Албанија со пасош на српски државјанин.

– По деталните проверки извршени од страна на полицијата, во соработка со Интерпол Тирана, се потврди дека лицето Џенгиз Сејди алијас Џенгиз Исеини се бара од органите на РСМ, откако од страна на Обвинителството е одредена безбедносна мерка затворски притвор за сторено кривично дело „убиство“, стои во полициското соопштение.

Се додава дека Интерпол Тирана во соработка со македонските колеги ги продолжува процедурите за екстрадиција на уапсеното лице.

Полицијата предупредува дека покрај секојдневните заложби за обезбедување квалитетна услуга на граѓаните кои влегуваат/излегуваат од земјата, службите на граничната полиција на пристаништето Драч имаат „засилени контроли и проверки, со цел да ги спречат граѓаните на кои им е сигнализирано дека се бараат и се обидуваат да влезат или да влезат надвор од овој граничен премин“.