Во Дубровник соборен температурниот рекорд за јуни – од понеделник пеколниот бран пристигнува и кај нас

ИЗВОРСкопје24
|

Во Дубровник вчера се измерени 37,3 степени Целзиусови, со што е соборен температурниот рекорд.

Локалните медиуми јавија дека градот е зафатен со таканаречената фенска бура, поради што и во вечерните часови Дубровник беше најтопол град со 33 степени.

Инаку, највисоката јунска температура досега во Дубровник е измерена пред 16 години.

Во делови на Европа и натаму има големи жештини, незапаметени за јуни.

Освен Шпанија, Италија и Германија, на удар е и Франција каде што, исто така, се измерени температурни рекорди.

Од понеделник се најавува многу топло време со максимални температури кои ќе бидат над 30-тиот степен, а во вторник и среда на повеќе места ќе го надминат 35-тиот степен.

 

Од среда до петок, според синоптичарите, се очекува локален краткокраен дожд и грмежи во попладневните часови.