Кон крајот на јуни заврши последната сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а со завршувањето кандидатите се ослободија од обврските и започнаа да уживаат во летото.
Оваа година имаше и многу македонски кандидати кои успеа да стигнат до финалето. Меѓу нив и кумановецот Мартинијан Кирловски кој беше под менторство на Јелена Карлеуша, а беше и еден од нејзините омилени кандидати.
Мартинијан важеше за срамежливо момче, кое е мирно и повлечено на сцената. Меѓтуоа, во последната сезона почна полека да се опушта и да се покаже во подруго светло. Тој успеа да стигне до финалето и да го освои петотто место.
По завршувањето на „Ѕвездите на Гранд“, Кириловски одлучи да се одмори од напорните обврски во претходните 9 месеци. Деновиве, кога Кириловски не настапува ужива и се разладува од жешките температури. Тој на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која е само по шорц и го покажа свеото тело.
Од друга страна, некогашниот македонски победник на ова музичко шоу Ристе Ристески исто така ужива на жештините. Тој пред неколку години победи во „Ѕвездите на Гранд“ и е првиот Македонец кој однел победа во ова музичко шоу. И Ристе важеше за мирно, срамжливо момче, но публиката ја освои со својата харизма и талент за пеење.
Ристе се пресели во Белград каде што се наоѓаа подолго време и таму гради кариера. Меѓутоа, Ристески го користи секој период за ужива и да го посети родниот Охрид за кој вели дека е вистински рај посебно за време на летниот период. И Ристе ги покажа своите мускули.
Тој неодамна се пофали дека ослабел и дека редовно вежба, а крајниот ефект може да се види на неговото тело.
Вистина.мк