Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 230 возачи.
Од нив, соопштија денеска од МВР, 16 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 118 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 112 надвор од населено место.
Покрај тоа изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.
Казните се големи, а ризикот од повреди уште поголем, затоа држете се до пропишаните правила и возете внимателно!