Вработениот Полико Авдиу, кој инаку работи како шивач во компанијата „Текстил Солушн“ вели дека наишол на исти услови како во Германија и дека минималната плата од 18.000 денари е доволна за скромен живот.
– „Јас сум задоволен, 18 години работев во Германија и ја напуштив, среќата ме донесе во оваа фирма пред 8 години, условите се исти како во Германија. Ги гледам младите сите одат во Германија, ама животот таму не е ист.
Јас сум задоволен со минималната плата благодарение на премиерот кој најде компромис со синдикатот и работодавачите.
– „Таа вечер многу се заблагодарував на премиерот, 18.000 не се многу ама за скромен живот се доволни, мислам дека и понатаму ќе растат платите ако работиме повеќе. Фала премиере.“, се заблагодари Авдиу.
Видеото погледнете го ОВДЕ.