Во Грција почина 16- годишно девојче од алергиски шок

|

Почина 16- годишна тинејџерка во Грција од алергиски шок. Девојчето кое било на одмор на Касандра, Халкидики, починало откако конзумирало храна во локален ресторан.

Според грчките медиуми, тинејџерката отишла на ручек. Кога нарачала, прашала дали храната содржи состојка која и е забранета и на која е алергична. Според извештаите, од ресторанот кажале дека во јадењето што го нарачала ја нема таа состојка, па таа без да се посомнева го изела својот оброк.

Откако го завршила ручекот, доживеала алергиски шок. Брзата помош пристигнала по 45 минути, но веќе било доцна.

За да се дознае точната причина за смртта на несреќното девојче ќе биде извршена обдукција, додека погребот ќе биде извршен денеска.