Во иднина ќе работиме од дома ?

|

Дури 54 проценти од компании во Германија кои биле дел од анкета, спроведена од институтот ИФО и „ЛинкдИн“ (LinkedIn) сакаат работата од дома да остане и во иднина.
Три четвртини од компаниите во Германија се согласиле дел од нивните вработени да работат од дома за време на последната криза.
LinkedIn во Германија преку анкета, исто така добиле интересни податоци дека дури половина од анкетираните луѓе работат од дома во сегашните услови.
„Компаниите имаа сериозни инвестиции во дигитална инфраструктура и нова комуникациска технологија, затоа враќање на стариот начин на работа не е баш реално да се очекува“ – изјави Оливер Валк, директор на Центарот за индустриска организација и нови технологии при учеството во спроведувањето на ова истражување.
Една анализа на огласени работни места и лица кои бараат работа на LinkedIn покажува дека бројот на прегледи на огласи за работа од дома се зголемил за дупло.

„Недостигот на социјален контакт, кој го вклучува работата од дома, на долг рок може да има и негативни последици а исто така дигиталниот свет не ги овозможува сите аспекти на креативен трансфер или размена на знаење и идеи. Веројатно ќе преовладува комбиниран модел, однсно работа во компанијата и работа од дома. Со комбинираниот пристап се зачувуваат предностите од флексибилноста на работата од дома а истовремено останува и социјалниот контакт на работното место“ – објаснуват истражувачите.