Во Идризово затвореници се сместуваат по ходници и на под без кревет, а во некои затворски простории има кревети на четири ката

|

Во текот на 2022 година Народниот правобранител извршил дури 19 ненајавени посети, се со цел за да се затекне објективно реалната состојба во овие затвори, рече во вечерашната Топ Тема на Телма омбусманот Насер Зибери. По тие посети по којзанае кој пат Народниот правобранител заклучил дека состојбата во затворите е многу загрижувачка.

ВОГЛАВНО НАШ ОБЈЕКТИВ НА НАДЗОР БЕШЕ ЗАТВОРОТ ИДЗРИЗОВО, ЗАТОА ШТО ВО ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО Е СМЕСТЕНА ПОЛОВИНА ОД ВКУПНАТА ЗАТВОРЕНИЧКА ПОПУЛАЦИЈА ВО ЗЕМЈАТА. ЗНАЧИ КОГА ЗБОРУВАТЕ ЗА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО ТОА БИ ЗНАЧЕЛО ГЕНЕРАЛНА СОСТОЈБА ЗА СИТЕ ЗАТВОРИ ВО ЗЕМАЈТА, И ТАА ЗА ЖАЛ Е КРАЈНО НЕПОВОЛНА, РЕЧЕ ЗИБЕРИ.

Капацитетот на затворот е 700 затвореници, но Зибери вели дека во Идризово затворски казни издржуваат околу 1.200 лица.

КОГА НА ТОА ЌЕ СЕ ДОДАДЕ ФАКТОТ ДЕКА ОДРЕДЕНИ КРИЛА СЕ ЗАТВОРЕНИ, ИЛИ ОД ПРИЧИНА ШТО ВЕЌЕ СЕ КРАЈНО СУБСТАНДАРДНИ И НЕ ИСПОЛНУВААТ НИКАКОВ КРИТЕРИУМ ЗА СМЕСТУВАЊЕ. ЕДНО КРИЛО СЕ РЕНОВИРА И ТИЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ОД ТАМУ СЕ ПРЕФРЛААТ ВО ДРУГИ КРИЛА И СОСТОЈБАТА СТАНУВА НАВИСТИНА АЛАРМАНТНА. ЗАТОА СЛУЖБИТЕ ВО ОВОЈ ЗАТВОР, УПРАВАТА Е ПРИНУДЕНА ДА СМЕСТУВА И ЗАТВОРЕНИЦИ ПО ХОДНИЦИ НА КРИЛАТА, НА ПОДОВИ И БЕЗ МИНИМАЛНИ И ЕЛЕМЕНТАРНИ УСЛОВИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ, РЕЧЕ ЗИБЕРИ.

Според меѓуанродните конвенции просторот потребен за колективно сместување е 4 кадватрати по затвореник, додека за индивидуално е 6 квадрати, потсети Зибери и додаде дека моменталните услови за сместување во Идризово се квалификуваат како нехумано постапување.

ИМАМЕ ЕДЕН ПРИМЕР ВО ТРЕТОТО КРИЛО КАДЕ ШТО ВО ПРОСТОРИЈА ОД 14 КВАДРАТИ СЕ СМЕСТЕНИ 15 ЗАТВОРЕНИЦИ. ЗАМИСЛЕТЕ НИТУ ПО ЕДЕН КВАДРАТ НА ЗАТВОРЕНИК. ЗА ЖАЛ НЕКАДЕ И КРЕВЕТ НЕМА, ПА СЕ ПРИНУДЕНИ ДВАЈЦА ЗАТВОРЕНИЦИ ДА КОРИСТАТ ИСТ КРЕВЕТ И ТОА НА СМЕНИ ИЛИ ДВАЈЦА ДА СПИЈАТ ВО ИСТ КРЕВЕТ, КРЕВЕТИ КОИ СЕ НА 4 СПРАТА, ЗАМИСЛЕТЕ ДО ПЛАФОН. ТОА СЕ СЕКАКО КРАЈНО НЕХУМАНИ УСЛОВИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ НА ОВИЕ ЛИЦА, РЕЧЕ ЗИБЕРИ.

Во Идзризово има и недостаток на затворски чувари и полицајци. Зибери откри дека затекнале состојба во едно крило 50 затвореници да ги чува само еден затворски полицаец. Според тоа што им го откриле од управата, им било ветено дека ќе биде одорено вработување на 100 затворски полицајци, но кога засега не се знае.

ЗАТВОРИТЕ, СТАВЕНИ ВО ТАКВА СИТУАЦИЈА, СЕ ПРИНУДЕНИ ДА ВРАБОТУВААТ ЛИЦА СО ДОГОВОР НА ДЕЛО И ДА ГИ АНГАЖИРААТ. КОНКРЕТЕН Е ПРИМЕРОТ СО ЗАТВОРОТ ВО БИТОЛА. СЕГА МОЖЕТЕ ДА ЗАМИСЛЕТЕ, ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЕЦ КОЈ СЕ ВРАБОТУВА СО ДОГОВОР НА ДЕЛО БЕЗ ПРЕТХОДНО ОБУЧУВАЊЕ, БЕЗ ПРЕТХОДНО ПОДГОТВУВАЊЕ СЕ СТАВА ВО ЗАТВОР, ЧЕСТО ПАТИ ВО КРИЛА КАДЕ ШТО СЕ СМЕСТЕНИ ЗАТВОРЕНИЦИ ЗА ТЕШКИ КРИВИЧНИ ДЕЛА, РЕЧЕ ЗИБЕРИ.