Според српскиот весник „Вечерње новости“ откриен е идентитетот на возачот кој под дејство на алкохол ја предизвика сообраќајната несреќа во која животот го загубија Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ.
Се работи за 35-годишниот Алсин Левент, Турчин кој нема германско државјанство. Возачот се води како уапсен, но не е во затвор, туку во полница со полесни повреди. Тој е под постојана надлежност на полицијата, вели изворот за српскиот весник.
Покрај тоа што возел пијан и без возачка дозвола, сега е познато и дека Левент не го поседувал автомобилот со кој управувал.
Според сознанијата на српските медиуми, судијата вчера попладене издал налог за апсење на овој 34 годишен маж, возач на „маздата“ кој ја предизвика сообраќајната несреќа во која настрада Шабан Шаулиќ и неговито колега Мирсад Кериќ и сега се наоѓа во притвор.