Општина Гостивар ќе постапи според одлуката на Комисијата за категоризација, од која било побарано уште еднаш да направи анализа за состојбата на Ембла, со што ќе биде одлучено дали таа ќе учи во редовна или паралелка за посебни образовни потреби. Ова го изјави градоначалникот Арбен Таравари по средбата со родителите кои потпишале петиција за Ембла да биде одвоена од класот.
Тој истакна оваа одлука произлегла откако разговарал и со повеќе стручни лица кои работеле со девојчето, односно дефектолог, психолог, како и со нејзината учителка од прво одделение, пред родителите да побараат инклузија.
Случајот со четвртоодделенката Ембла, започнал уште во декември минатата година, кога родителите на нејзините сооченици потпишале петиција дека девојчето наводно било агресивно.
За овој случај предмет отворија од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а да се испита порабаа и од Хелсиншкиот комитет за човекови права и Народниот правобранител.
Денес, пак, претседателот Стево Пендаровски, го посети семејството на Ембла, при што ги охрабри и поддржа родителите во нивната борба за заштита на правата на децата со атипичен развој.