Во Кисела Вода се запалил џипот на италијанската амбасада

|

На 22.09.2023 во 19.29 часот во СВР Скопје, од страна Бригадата за противпожарна заштита Скопје пријавено е дека на место викано Теферич – Кисела Вода гори возило.

Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода излегле местото на настанот, при што е констатирано дека е опожарено возило „џип”, сопственост на Амбасадата на Италија, а управувано од Д.М.(41) од Скопје, кој појаснил дека движејќи се во правец од Теферич кон Сопиште забележал чад и оган од десната страна на предната хауба, при што застанал и со помош на граѓани го изгаснале пожарот.

Опожарен е делот на моторот и шал таблата. Повредени нема.