Во кои случаи имате право на цела плата а кога работодавачот може законски да ви ја намали

|

Работодавачот е должен да исплати надоместок на плата во целост во следните случаи на отсутност од работа на работникот:

– користење на годишен одмор, врз основа на одлука донесена од страна на работодавачот

– користење на вонреден одмор, врз основа на одлука донесена од страна на работодавачот

– дообразување, врз основа на одлука донесена од страна на работодавачот

– празници определени со Закон

– користење на слободни денови, врз основа на одлука донесена од страна на работодавачот

– време на отказен рок, врз основа на одлука донесена од страна на работодавачот

– од причини од страна на работодавачот и донесена одлука од негова страна.

Работодавачот е должен да исплати делумно надоместок на плата во следните случаи на отсутност од работа на работникот:

– поради болест или повреда во траење до 15 дена, врз основа на соодветен документ,

– поради повреда и над 30 дена, ако се утврди вина на работодавачот

– поради виша сила, се исплаќа половина плата во висина од неговата просечна плата во последните 12 месеци, ако во тој период не примал плата, се исплаќа најниската плата

– поради прекин на работниот процес од деловни причини се исплаќа 70% од платата за период до 3 месеци во тековната година.

Работник-приправник има право на плата не помалку од 70% од основната плата на работното место за кое се оспособува.