Во КПУ Затвор Скопје донирана и поставена фитнес опрема и реквизити за рекреција

ИЗВОРСкопје24
|

Во соработка со фирмата МСА Компани ДООЕЛ Скопје, согласно склучениот Меморандум за соработка, на 21.05.2019 година, од страна на преставникот на компанијата, Аделаид Крешник, во КПУ Затвор Скопје беше донирана и поставена фитнес опрема и реквизити за рекреација на отворен простор. Ова е уште еден чекор во насока на подобрување на условите на осудените лица и нивно поактивно учество во спортски активности и исполнување на нивното слободно време со корисни содржини, како облик на третман на кои се посветува подеднакво внимание како и на останатите облици на третман на осудените лица за нивна успешна ресоцијализација и социјална адаптација.

За брзо време ќе отпочнеме со курсеви за компјутерски вештини за осудените лица. За почеток со основни компјутерски вештини, а потоа во зависност од интересот и напредни. Во КПУ Затвор Скопје, комплетно се реновирани и просториите за посета на адвокати, во соработка со Адвокатска комора на РСМ.