Во Македедонија ќе почне да се применува методот на давање на крвна плазма од излекувани од кор*на в*рус на заразени со ви*усот, соопшти министерот Венко Филипче.
-Има неколку истражување кои покажуваат дека крвната плазма од излекуваните од позитивно влијае на заразените. Ние веќе започнавме припреми за Инситутот за трансфузиологија, веќе се изготвува протоколот според кој би требало да се земе плазмата од излекуваните. Протоколкот ќе биде готов во понеделник, и согласно препораките, ќе се дава на заразени пациенти, рече Филипче.
Министерот Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави и дека тројца пациенти се испишани од Инфективната клиника, после двојно тестирање.
„За жал имаме и двајца почи*ати. Едниот е на 68-годишна возраст со тешка форма и претходни болести, кој бил на лекување од 29 март. Другиот е 70-годишен жител на Куманово, со тешка форма на воспаление на белите дробови. Тој од кумановската болница бил пренесен на Клиниката за пулмоголија, па од таму на инфективната клиника“, додаде Филипче. Тој соопшти дека вкупно на Инфективната клиника има 67 пациенти во моментов, од кои 10 се со тешка клиничка слика.
„Во текот на изминатите 24 часа, имаме 46 нови случаи и тоа по градови: Скопје 13, Куманово 23, Дебар 2, Прилеп 1, Тетово 2, Велес 2, Гостивар 1 и Гевгелија 1. Направени се 389 тестови, со што вкупниот број од почетокот на епидемијата е 4506 тестирања“.
Филипче соопшти и дека на Кумановската болница имаме потврдени 11 заразени лица, па затоа еден доктор од Скопје и еден од Штип ќе бидат испратени во тој регион. „Имаме и еден потврден случај на Инфективната клиника, медицински техничар има воспаление на белите дробови“, изјави министерот.