Во Македонија работната недела трае подолго од цела Европска унија

ИЗВОРСкопје24
|

Во Македонија работната недела трае подолго од сите земји-членки на Европската унија, а втора е на балканот по времетраењето. Седмично во Македонија се работи 42,3 часа, а во регионот полошо е само во Црна Гора со 43,6 часа неделно.

Просечната работна недела во земјите на Европската унија трае 40,2 часа. Според последните достапни податоци од Еуростат од 2017 година, просечното работно време е малку подолго на мажите – 41 часа, а на жените 39,3 часа.

Работниците во рударскиот сектор работат најдолго – во просек 42 часа, додека работна недела во образованието е 38,1 часа.

Европската Унија има најдолга работна недела во Обединетото Кралство – 42,1 часа. Швајцарија (41.8), Кипар (41.6), Австрија (41.3), Грција и Португалија (41 час).

Најкратката работна недела е во Данска, која е единствената земја во која се работи помалку од 38 часа неделно – 37,8.

Ако истражувањето ги вклучува земјите надвор од ЕУ, најдолгата работна недела е во Турција со 49,1 часа. Потоа се Исланд (44), Црна Гора (43,6) и Северна Македонија (42,3).

Во Хрватска е 40,4 часа, во Словенија – 40,9 часа, исто како во Бугарија, додека во Грција е 41 час. За Албанија, Србија и БИХ нема податоци.