Јана Петровска загуби 500 денари кога отишла да си купува леб. Бидејќи живеела само од социјална помош, која изнесува 2000 денари, одлучила да ги замоли соседите да и помогнат да ги најде.
За среќа се нејзините пари се вратени од момче со големо срце, но тој не е единствениот пронаоѓач.
Прочитајте ја нејзината приказна:
„Се враќав од работа и го видов ова ливче залепено на влезот од зградата. Решив да направам добро дело и да и помогнам на госпоѓата со 500 денари, иако јас не сум наоѓачот. Заѕвонив на вратата, ми отвори стара бабичка, а кога и ги подадов парите одби да ги земе. Со солзи во очите ми раскажа дека излегла да си купи леб и на касата парите и ги немало. Веројатно и испаднале кога ја заклучувала вратата. Излезе дека во последните неколку часа јас сум шестиот „чесен пронаоѓач“ од соседите кој ги нашол „нејзините пари“.
Горд сум што во Македонија сеуште има чесни луѓе.