Во Македонија засега нема да има замрзнување на цените на основните производи

|

Сеуште не се планира да се ограничи цената на основните производи, нешто што од денеска е на сила во соседна Србија. Од Владата велат дека состојбата со движењето на цените се следи и ако цените почнат брзо да растат не се исклучуваат мерки.

Замрзнување на цените во земјава може да предложи Министертсвото за економија повикувајќи се на Законот за трговија. Од кабинетот на министерот велат дека поспакување на одредени производи има и тоа се должи на берзанските цени на струјата и нафатата.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статстика за месец октомври 2021, раст на цените на мало е забележан кај маслото од 2,3%, лебот и житата 1,8%, месото 1,7%, млекото 0,7%, сирењето и урдата 0,5% и други прехранбени производи 1,2%. За месец ноември 2021 ја следиме состојбата со растот на цените, за што доколку значително се забрза растот на цените Министерството за економија ќе процени за превземање на следни чекори – велат од Министертвото за економија.

Во Србија од денеска цените се ограничени на нивото од 15 ноември. Мерката прецвидува дека во следните 60 дена не смее да поскапуваат млекото, маслото, шеќерот, брашното и свинското месо. За тие што ќе ја прекршат мерката казните достигнуваат и до 17.000 евра, а предвидено е и затворање на дејноста во траење од 6 до 12 месеци.