Во март: Пет хороскопски знаци ќе пливаат во пари и ќе уживаат во среќа

|

Се ближи месецот март, но и влегувањето на Марс и Венера во Водолија, што ќе донесе финансиски пресврт кога се во прашање  финансиите на одредени хороскопски знаци.

И додека сите го чекаме март, кој ќе ни донесе олеснување, тоа конечно ќе се случи бидејќи Меркур веќе влезе во Водолија, па ни носи олеснување. Со планетите во Јарец немаше шеги, а во моментов сите сè уште го чувствуваме притисокот на обврските и одговорностите, но тоа ќе се промени во март, па парите полесно ќе доаѓаат, а овие 5 хороскопски знаци според астролозите ќе пливаат во пари.

ЛАВ – По кризата од јануари и февруари на финансиски план, доаѓа март, кој ќе ви донесе поголем прилив на пари. Сонцето, Меркур и Јупитер во Риби ви носат можност да го решите прашањето за наследството. Исто така, Лавовите ќе имаат можност да добијат спонзорство за проект. Одличен месец е за располагање со туѓ имот.

РАК – Сонцето во Риби ви носи пари од странство. Тоа може да биде и соработка со странска компанија. Со Риби можете да заработите повеќе пари. Исто така, планетите во деветтото поле ви носат можност да добиете платено патување.

ВОДОЛИЈА – Ова е година полна со изненадувања за вас. Веќе сте финансиски обезбедени, а во март планетите работат за вас, па ќе имате можност да заработите на основа на дополнителна работа. Припадниците на вашиот знак ќе добијат понуда за подобро платена работа.

БИК – Меркур во Риби ви носи можност да заработите пари со пријателите. Личноста со воден печат со која се дружите ќе ви понуди можност да заработите пари заедно врз основа на проект. Исто така, ова е можност да се добие „работа преку врска“.

ШКОРПИЈА – Се што правите ќе ви се исплати. Ако имате некое хоби, март е вистинско време да го направите хобито во ваша примарна работа за заработка. Исто така, доколку се занимавате со угостителство или спорт, март ќе биде успешен за вас.