Воените сили на Мјанмар го блокираа пристапот до Фејсбук, неколку дена откако тие ја соборија демократската влада.
Официјални лица изјавија дека платформата за социјални медиуми – за многумина во единствениот пристап на Интернет во Мјанмар – ќе биде блокирана заради „стабилност“.
Фејсбук стана главното место на пласирање спротивставени ставови по воениот пуч во понеделникот.
Министерството за комуникации и информации соопшти дека пристапот до Фејсбук ќе биде блокиран до 7 февруари. Но, сепак, има информации за привремена достапност до мрежата.
Половина од 53 милиони луѓе во Мјанмар користат Фејсбук, а активистите отворија страница за координација за спротивставување на пучот.
Во вториот по големина град во Мајанмар, Мандалај, синоќа имаше демонстрации и апсења. А во главниот град Јангон, жителите чукаа во тенџериња во знак на протест.