Во нивата на еден земјоделец од кочанското село Уларци пронашле 1 тон злато (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Во кочанските села Жиганци, Уларци и Чешиново на големо кружат информации за пронајдено речиси 1 тон злато пронајдено при изградбата на патот Штип-Кочани.

Регионалната телевизија “ТВ Стар” направи прилог за оваа гласина или вистина, која ги раздвижи, како што се вели во прилогот, сите сопственици на ниви во селата.

Според березанските цени на килограм злато, што чини околу 20.000 евра, вредноста на пронајденото злато би била дваесет милиони евра, се вели во прилогот на “ТВ Стар”.

Цената на златото последните неколку години расте бавно, но сигурно оди кон врвот. Но, има повеќе фактори кои влијаат на неговата цена, а првиот фактор е цената на доларот. Кога доларот ја губи вредноста, златото зајакнува.

Вториот фактор е инфлацијата, кога парите ја губат вредноста во однос на производите и услугите, и тогаш златото поскапува.

Нормална инфлација во светот е 2 проценти. Само лани во Германија 17 милиони евра од пари се претворени во злато. Германија, Русија, Турција и Унгарија кои своето злато го чуваат дома, а најмногу злато купуваат Индија и Кина.

Во последно време често се зборува дека парите треба да се сочуваат така што ќе бидат претворени во злато.

Малите вложувачи купуваат плочки од 10 или 20 грама. Средните купуваат од 50 грама, а големите 100 и 250 грама. Практичноста е она на што треба да мислат луѓето кои ќе се одлучат да купат злато.