Нова вест околу исчезнатиот авион на фудбалерот Емилијано Сала објавија англиските медиуми, кои велат дека во океанот надлежните пронашле делови, за кои се смета дека се од истиот со кој патувал несуденото засилување на Кардиф Сити.
Делови од авионот „Пајпер Малибу“ со кој исчезна аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала на пат кон Кардиф, денеска беа пронајдени на францускиот брег, објави одделот за истражување на авионски несреќи во Англија.
Англичаните објавија дека во комуникација со колегите од Франција, добиле потврда дека делови од седиштата во авионот се најдени на францускиот брег во близина на Суранвиј. Првично бил најден еден дел, а подоцна уште еден.
Првите истражувања покажале дека се работи за перничиња во кој беше Емилијано Сала. Перничињата се најдени на околу 40 милји од местото кадешто од радарост исчезнал авионот во кој патуваше еден пилот и фудбалерот.
Три дена траеше потрагата на Емилијано Сала кај Каналските острови, откако минатиот понеделник авионот исчезна во 20.30 часот од радарот. Спасувачките служби по три дена се повлекоа од потрагата, објавувајќи дека поминале 3.000 квадратни километри и не нашле ниту еден траг, по што семејството и бројни фудбалски ѕвезди тргнаа во приватна потрага.
Откако беа собрани пари, па дури и ангажирана подморница за да го бараат авионот на Сала, првите резултати се дека авионот паднал некаде во блиина на францускиот брег, спротивно на тоа каде што бараа спасувачките служби.