Во основата има њоки, а се подготвува за помалку од 20 минути: Лесен ручек кој ќе го засакате од прва

|

Спанаќот содржи неколку различни хранливи материи. Содржи многу калциум, железо и е полн со витамини од Б комплексот.

Меѓу нив се и фолатите: шолја варен спанаќ обезбедува 66 отсто од фолатите од препорачаниот дневен внес, шолја варена блитва само четири отсто.

Спанаќот има и рибофлавин, цинк и манган, како и мала количина на омега-3 масти.

Состојки: 1 кромид, мешавина од суви зачини, 200 гр замрзнат спанаќ, 100 мл павлака за готвење, сол, лук во прав и пакување њоки.

Подготовка: Најпрво треба малку да го пропржите кромидот, а потоа да го додадете замрзнатиот спанаќ. Потоа додадете малку вода и оставете да врие неколку минути.

Кога водата ќе испари додадете го кремот за готвење, а додека го подготвувате сето сварете ги њоките кои ќе ги додадете во сосот.

Измешајте сè, додадете малку суви зачини, малку сол и лук во прав.