Доколку сте работник и имате стекната работна навика, работата во оваа земја нема да ви биде проблем. Секој може да најде работа доколку сака да работи и да заработи голема сума пари. Тие имаат многу повеќе пари отколку било каде во светот, што им овозможува помалку фрустрации и ситуации кои им го загрозуваат животот. Секако, во прашање е Швајцарија, една од најразвиените западни земји.
Во Македонија имаме поскапи основни намирници отколку во Швајцарија или пак во Германија. Литро масло во Германија чини 85 центи а додека кај нас едно евро. Со најмалку две годишно работно искуство и знаење на германски или француски јазик, граѓаните на Македонија можат да конкурираат за било која работа во Швајцарија.
Порталот Swissinfo.ch објави колку во просек се заработува од некои професии, со напомена на тоа што платите се навистина високи но и трошоците за живот исто така.
Контролор во воз – 4 .558 CHF (4.253евра); Работник во пошта -4.031 CHF (3.761 евро); Столар-4.018 CHF (3.749евра); Softver developer-4.608 CHF(4,299); Пекар – 4.051 CHF (3.800 евра); Фризер -2.601 CHF (2.426евра);Чевлар-3.800 CHF (3.545 евра); Графички дизајнер – 3.800 CHF ( 3.545 евра); Автомеханичар – 4.459 CHF (4.152 евра).
Во Швајцарија често се исплатува и 13 плата. Минимална плата нема, но колективните договори воспоставуваат минимална плата во некои области како што се кетеринг или хотелиерство. Платите се договараат во бруто износ, а нето износот е обично 13 до 20 проценти помал. Всушност, швајцарската тринаесета плата во просек изнесува колку целата годишна заработка во Македонија. Интересно е тоа што во оваа земја нема луѓе кои просат, додека стапката на невработени на ниво на статистиката е грешка.