Во овие европски земји просечната плата надминува 3.000 евра

ИЗВОРСкопје24
|

Највисоки просечни плати во земјите на ЕУ имаат работниците во Данска и Луксембург, додека пак најниските плати се во Бугарија.

Ова се резултатите од истражувањата направени од истражувачот и економист Реинис Фишер, кој често објавува економски анализи, пренесува balkans.aljazeera.net.

Според анализата објавена на крајот од декември минатата година од страна на Фишер на неговата веб-страница, просечните плати во Данска и Луксембург на крајот од минатата година изнесувале над 3.000 евра месечно.

По овие земји, следат Шведска, Финска и Ирска, со просечен месечен доход од околу 2.500 евра.

Значително пониски се просечните плати во Естонија (957 евра), Латвија (738 ера) и Литванија (693 евра).

Кога станува збор за другите земји на ЕУ, просечната плата во Португалија изнесува 925 евра, а во Грција 917 евра.

Најниската просечна плата во ЕУ е регистрирана во Бугарија – 457 евра, а чекор понапред е Романија, каде што просечниот работник заработува 565 евра.