Во овие земји може да најдете работа со македонски пасош

ИЗВОРСкопје24
|

Македонците кои не поседуваат некој од европските пасоши, сега ќе можат да работат во Норвешка, Шведска и Германија.

За да се замине во Шведска, потребен е само пасош, а останатите услови се договараат со работодавецот. Според претставникот на Шведската амбасада во Хрватска, за во скандинавската земја не постои иселеничка виза. Доволно е само еден член од семејството да најде работа и потоа може да ги повлече и останатите членови.

Речиси идентично е и заминувањето во Норвешка. Таму се работи 7,5 часа дневно, а работниците добиваат 30 дена одмор.

Во продолжение дефицитарните кадри во овие земји

Германија: ИТ, Машински инженери, Електорничар, Електричар, Електроинсталатер, Водоинсталатер, Лекар, Медицински сестри и Негуватели на стари луѓе и болни деца.

Шведска: Стоматолози, книговодители, Кувари, Пекари, Молери, Градежни техничари и инженери, Електроинженери, ИТ Сектор

Норвешка: Кувари, Пекари, Градежни техничари и инженери, Медициснки сестри и лекари.