Во овие земји може да најдете работа со македонски пасош

ИЗВОРСкопје24
|

Македонците кои не поседуваат некој од европските пасоши, сега ќе можат да работат во Норвешка, Шведска и Германија

За да се замине во Шведска, потребен е само пасош, а останатите услови се договараат со работодавецот. Според претставникот на Шведската амбасада во Хрватска, за во скандинавската земја не постои иселеничка виза. Доволно е само еден член од семејството да најде работа и потоа може да ги повлече и останатите членови.

Речиси идентично е и заминувањето во Норвешка. Таму се работи 7,5 часа дневно, а работниците добиваат 30 дена одмор.

Во продолжение дефицитарните кадри во овие земји

Германија: ИТ, Машински инженери, Електорничар, Електричар, Електроинсталатер, Водоинсталатер, Лекар, Медицински сестри и Негуватели на стари луѓе и болни деца.

Шведска: Стоматолози, книговодители, Кувари, Пекари, Молери, Градежни техничари и инженери, Електроинженери, ИТ Сектор

Норвешка: Кувари, Пекари, Градежни техничари и инженери, Медициснки сестри и лекари.

Во овие земји легално може да си купите пасош

Со доволно пари навистина можете да бидете граѓанин на светот.

„На многу богати луѓе им е важно да имаат два или три пасоши за да имаат поголема слобода“, вели советникот Нури Кац за „Бизнис инсајдер“.

„За некои тоа е статусен симбол, како што e купувањето автомобили“, додава тој.

Купувањето втор или дури и трет пасош е растечки тренд меѓу богаташите. Но тоа не е опција достапна за секого. Во прашање е државјанството во замена за инвестиција и е дозволено во голем број земји во светот.

Додека некои можат да го користат вториот пасош за патување до одредени места на кои не можат да патуваат со првиот пасош, многумина ги користат за купување станови во земји во кои даноците се пониски.

Земји кои се вклучени во оваа програма сакаат да регрутираат богати странски инвеститори, за да ја поттикнат локалната економија. Па така, пасошот би чинел од 3 000 долари годишно на Тајланд до инвестиции од еден милион долари во американско претприемништво. Во карипските земји како Антигва, Сент Китс и Невис или Света Луција, пасош ќе ве чини меѓу 100 и 150 илјади долари.

Од друга страна, пак, Велика Британија бара подносителот да живее во земјата неколку години пред поднесувањето предлог за купување пасош во замена за инвестиција. Малта, која е членка на ЕУ, бара еден милион евра за пасош, кој подоцна ви отвора многу врати во светот.