Ресторанот „Мираи Шокудо“ во Токио се најде во светските медиуми поради тоа што го прави за сиромашните граѓани кои не можат да платат оброк во ресторанот.
Сопственичката Секаи Кобајаши им нуди оброк на луѓе кои не можат да го платат, а за возврат тие работат 50 минути во ресторанот. Така, вели таа, се поврзува со гладните.
Досега во ресторанот работеле околу 500 луѓе кои по педесет минути работа добивале купон за оброк. Просечниот оброк во ресторанот чини околу 7 евра.
Сличен начин за водење бизнис има ресторанот „ Ѓоза Не Ошо“ во Кјото, кој им нуди оброци на студентите во замена за миење садови во кујната. Во друг ресторан пак во Британија, е воведено забрането користење на мобилен телефон дури ручате на масата. Ланецот ресторани „Frankie & Benny’s“ започна кампања, со која во наредната недела ќе им се забранува на муштериите да користат мобилни телефони додека јадат.
Со овој екстремен чекор, ресторанот сака ги охрабри гостите да се посветат на блиските со кои излегле на вечера.
Ова е за првпат поголем британски ресторан да преземе ваква мерка, а за возврат нуди бесплатен оброк за децата.
Кампањата ќе трае во сите 250 ресторани и може да продолжи ако се покаже успешна.
Портпаролот на ланецот ресторани изјави: „Ги разгледавме различните начини на кои би можеле да ги охрабриме луѓето да се ангажираат повеќе на трпезата и откривме дека ако им дадеме шанса на семејствата да се одделат од нивните уреди барем на неколку часа ќе биде одличен начин да ги доближиме”.
Одлуката доаѓа откако студија на национално ниво утврди дека дури 72 проценти од децата сакаат нивните родители да трошат помалку време на своите телефони, а повеќе да разговараат со нив. Едно од десет деца чувствува дека нивните родители преферираат да бидат на нивните телефони отколку да разговараат со нив, а многумина признале дека ги криеле нивните мобилни телефони во обид да привлечат внимание.