Во петок ќе заседава Комисијата за заразни болести – Што ќе се одлучува?

|

Комисијата за заразни болести во петок ќе одржи состанок на којшто ќе се дискутира за новонастанатата состојбата со болеста во државата.

До вчера активни беа 1.889 случаи на заразени, од кои најмногу активни случаи имаше во Скопје – 1.045.

Додека во државата состојбата со болеста засега е стабилна, регионот се подготвува за новиот бран.

Така, во Бугарија од понеделник се враќа носењето заштитна маска. Во Албанија продолжува трендот на раст на нови случаи.

Светската здравствена организација апелира дека болеста сè уште е глобална вонредна состојба, речиси две до две ипол години откако првпат беше прогласена.

– Бројот на случаи пријавени во СЗО се зголеми за 30 отсто во последните две недели, иако зголемениот имунитет на населението, главно благодарение на примените дози, значително ги намали хоспитализирањата и случаите со најлош исход“, се вели во соопштението на одборот на СЗО.

Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом порача дека болеста е далеку од завршена. Додека тас не притиска, ние мора да ја потиснеме, додаде тој.

Во тек е и примањето на четврта доза против заразата. Неа можат да ја примат сите над 18- годишна возраст кои примиле три дози на вак циналните пунктови, а најпрепорачлиа е за лицата над 60 години кои имааат некои хронични болести.

Државата поседува доволно количини и од Министерството за здравство ги повикуваат граѓаните да се им*низираат.