Јелена Карлеуша е една од најпопуларните пејачки на овие простори, на која дефинитивно никој не може да остане рамнодушен.
Во склад со тоа, таа и одлично заработува.
Цената на нејзиниот настап се движи од 14.000 евра во Србија, додека во странство тој износ достигнува и до 25.000 евра. Доколку се земе во предвид дека Карлеуша месечно има барем пет настапи, тоа значи дека таа месечно заработува и до 100.000 евра.
Проблемот е во тоа што повеќето свои пари ги троши на гардероба и вложување во сценски настап.
Кога пејам во Белград, тоа обично е за кикирики – рекла таа, алудирајќи на тоа дека за настап во Белград зема помалку пари.
Знак на прашање е дали Карлеуша ќе ги продолжи настапите во блиско време од причина што во последното сминање на емисијата Ѕвездите на Гранд таа едвај додржа да доседи на столицата, поради скандалот во кој таа е главна ѕвезда.
Имено, на снимањето на првата емисија на Ѕвездите на Гранд после аферата со босанскиот фудбалер, Јелена видно нерасположена и нервозна дошла на снимањето на новата емисија, а тоа влијаело и на останатите членови од жирито и на натпреварувачите.
Ништо подобра не била ситуацијата кога се вклучиле камерите. Пејачката и понатаму била негативна, а најмногу се исплашиле кандидатите кои сите по ред останувале без нејзиниот глас.
-Навистина сум нервозна и немам желба на коментирам дури ни за своите кандидати- порачала Јелена во текот на емисијата.
Но, после една пауза која ја иницирал Саша Поповиќ, ситуацијата се променила. Според извори директорот на продукцијата и порачал на Јелена
Отворено и кажал како стојат работите. Работата не смее да трпи заради тоа што и се случува, тоа е нешто со кое тој се раководи со децении. Можеби бил малку суров кон неа но морало да биде така. И рекол на Јелена, разбирам низ што поминуваш, но вака не оди. Или прибери се и однесувај се како што треба или ќе направиме пауза во соработката.
Таа останала изненадена и само проговорела дека ќе се потруди но после неколку минути покажала сосема поинакво однесување. Јасно и е дека пауза никако не и одговара со оглед на тоа што учеството во шоуто ја издигна во време кога кариерата и стагнираше. До крајот на емисијата била видно расположена, повеќе комуницирала а повремено дури и се насмевнувала.
Дали Поповиќ е суров професионалец и не трпи ни најмали грешки а камоли вакво однесување имавме прилика да видиме и да се увериме. Во декември 2016 година на снимањето на Гранд Специјал за малку ќе ја исфрлеше Милица Павловиќ од емисија бидејќи доцнела на снимање. Пејачката се задржала подолго во гардероба, каде се пресоблекува а Саша видел дека гостите во студио само неа ја чекаат па на организаторите им наредил веднаш да се симне од гардеробата.
-Еј, оди кажи и да дојде или нека си оди од емисијата. Кажи и дека јас така реков – гласно зборувал Саша пред сите, а во рок од една минута Милица влета во студиото и седна на фотељата.
И Радмила Манојловиќ повеќе пати говореше дека директорот не толерира доцнење и дека неа парично ја казнувал за тоа а еднаш дури и и го откажал снимањето.