Во пресрет на најубавиот празник Бадник: Вистински среќник е оној кој ќе ја најде паричката, а еве и што треба да направи

ИЗВОРСкопје24
|

Православните христијански верници во Македонија утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ.

Векови наназад е традиција да се крши леб со паричка за Бадник, а оној кај кој ќе се падне ќе има среќа, здравје и бериќетна година.

Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Секогаш парчето леб кое било наменето за вас треба да го изедете, а ако ви се падне паричката треба да постапите вака:

Никако паричката не треба да се фрли или заборави, туку да се стави до икона и да се чува до наредната година.

Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството. Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божиќ, најголемиот христијански празник.