„Во ред е Ди Каприо да биде подобро платен од мене“ – Џенифер Лоренс искрено за новиот филм

ИЗВОРНов Лист
|

Оскаровката Џенифер Лоренс го бранеше фактот дека Леонардо ди Каприо е подобро платен од неа во нивниот нов филм Don’t Look Up, иако тие делат две главни улоги.

Лео привлекува повеќе публика во кината. Исклучително сум задоволна и среќна со мојот договор“, изјави актерката.

Неодамна објавениот извештај во Variety откри дека на Ди Каприо за улогата во споменатата реализација му биле исплатени 30 милиони, додека Лоренс ќе добие 25 милиони долари.

Тоа значи дека ѕвездата на Титаник и Волкот од Вол Стрит била платена 20 отсто повеќе.

Филмот  е сатирична комедија во режија на Адам Мекеј. Лоренс во него игра докторант кој открива комета која се заканува да ја уништи Земјата, а Ди Каприо е професор кој се здружува со неа во обид да го предупреди човештвото за голема катастрофа.