Во сабота е Задушница: Оваа грешка луѓето постојано ја повторуваат на овој ден

|

Православните христијани во сабота ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на оние кои не напуштиле. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите.

Задушница е секогаш во сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за оние кои заминале. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат вечните домови каде со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен.

На Задушница верниците даваат милостина на сиромашните во име на оние кои не се помеѓу нас и се молат за покој на нивните души.

Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на вечниот дом одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од истиот. Оваа Задушница секогаш е во сабота и е една недела пред Прочка, која секогаш се паѓа во недела.