Под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса во новиот месец септември ќе влеземе со стабилно, суво и сончево време со мала облачност но и со невообичаено високи температури на воздухот кој ќе бидат повисоки за пет до десет степени од нормалните.
Токму ваквата состојба на времето ќе може да послужи за понатамошно освежување во реките и во езерата низ Македонија. Температурите на воздухот на почетокот на септември ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ пак и во деновите што следат ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност и ќе изнесува 7 па доколку излегувате и понатаму ќе ви биде потреба заштитна опрема.
Инаку освен во Македонија натпросечно топло време на почетокот од септември ќе има и во целиот регион како и во источните и североисточните предели од Европскиот Континент.
Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ