Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои 20 биле за возење без возачка дозвола, 16 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила и 62 мерки за непрописно паркирани возила.
Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола во врска со техничката исправност на автобуси и комбиња кои вршат јавен превоз на патници. Во станица за технички преглед беа однесени 58 автобуси и комбиња, од кои 6 беа технички неисправни.
Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.