Во Скопје казнети 873 граѓани за неносење маска и санкционирани 166 возачи во Драчево

ИЗВОРНов Лист
|

Во текот на изминатото деноноќие (08/09.12.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 873 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Драчево изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 33, 14 санкции за нерегистрирани возила, 6 мерки за користење мобилен телефон, 20 санкции за некористење сигурносен појас и 8 мерки за возење под дејство на алкохол.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.