Во Словенија падна град со големина на јајце

|

Метеоролошките служби за денеска издадоа портокалово предупредување за цела Словенија поради лошото време

Силно невреме пропратено со бурен ветер и град ја погоди Словенија.

Првиот бран на невреме веќе зафати поголем дел од Словенија, а вечерва се очекува уште едно посилно. Граѓаните очекуваат посилни грмежи, врнежи од дожд и град, особено во јужниот дел.

Нешто по десет часот силно невреме се пресели над Лошки Поток, а Травник го зафати силен град со големина на јајце.

Метеоролошките служби за денеска издадоа портокалово предупредување за цела Словенија поради лошото време.

Да потсетиме, невремето што во четвртокот попладне ја зафати Словенија, најмногу штети предизвика во Целје, а портокаловиот аларм се уште е на сила низ целата земја, пишува 24ур.

Во некои делови на Словенија се уште е во прекин снабдувањето со електрична енергија, јавува Tv Slovenija. Според информациите, најгуст град паднал во Целје, а ураганскиот ветер и врнежите направиле најголема штета во Војник.

Пожарникарите интервенираа во повеќе од 40 општини, а невремето предизвика дополнителни проблеми на патиштата меѓу Корушка и Штаерска.

Според податоците на Управата за заштита и спасување, поради невремето од вчера доцна попладнето надлежните интервенирале во повеќе од 40 општини во Горењско, Штајерско, Засавје, Долењско и Посавје.

Најпогодени се регионалните информативни центри Брежице, Крањ, Љубљана, Марибор, Мурска Собота, Птуј, Словењ Градец, Ново место и Целје, каде што најмногу беснее невремето.

Во Војник невремето уништи повеќе од 50 покриви на куќи, пријавени се голем број паднати дрвја, а предизвикано е и лизгање на земјиштето кое оштети една станбена зграда.