Во Србија портокалова фаза за невреме – во Романија оштетени возила од град

ИЗВОРСкопје24
|

Во Србија се задржува нестабилно време со честа појава на врнежи и грмежи, воглавно на северот и истокот од земјата и тоа со количина на паднат воден талод од преку 20 литри на метар квадратен за само три часа, со можност за краткотрајни временски непогоди.

Метеоролозите прогнозираат променливо облачно, топло и нестабилно време, на места проследено со дожд и грмежи, воглавно попладне и навечер, поинтензино изразени на северот од земјата каде на места можни се и краткотрајни временски непогоди.

Во Белград исто така времето е променливо облачно, попладне и навечер се очекува дожд и краткотрејно невреме проследено со грмотевици. Се очекува и слаб до умерен ветер со јужен и југоисточен правец. Утринската температура е околу 16 степени, а највисоката дневна околу 25.

Таму и во наредните денови се очекува времето да биде претежно облачно, повремено со пороен дожд и грмежи. Наредните два дена се очекува малку посвежо време, додека од сабота темпертурата малку ќе биде во пораст.

Од 30 мај до 6 јуни се очекуваат поголеми дождови, а во попладневните часови тие можат да се претворат во поројни врнежи, известуваат од хидрометеоролошкиот завод во Србија.

Според нивното соопштение се очекува да паднат од 5 до 10 литри на метар квадратен за кратко врема, а преку 100 литри се очекуваат за недела дена. Се предвидува дека оваа состојба ќе трае до 6 јуни, а поради најавените високи температури не се исклучени ниту големи олуи, пропратени со силни ветрови и град на места.

Во романскиот град Зала, пак, вчера паѓал град со големина на јајце, па и колку една тупаница и предизвикал голема материјална штета.

Улиците биле покриени со лед, а сообраќајот закочен.

Од силните удари од градот, искршени се многу фасади, покриви на куќи и шофершајбни.

Граѓаните велат дека дувало и силен ветар па иако кратко траело личело како „крај на светот“.

И дирекција за спасување во Македонија вчера испрати предупредување: Подгответе се, од 1 до 10 јуни ќе има невреме

Од 1 до 10 јуни се очекуваат поинтезивни врнежи од дожд, а во попладневните часови може да бидат поројни, соопшти вечерва Дирекцијата за заштита и спасување повикувајќи се на известување на Weather4all.mk.

Според најавите, велат од ДЗС, се очекува за кратко време да наврнат од 5-10л/м2, а за десет дена се очекуваат над 100л/м2 воден талог. Оваа состојба се предвидува да трае до 15 јуни, а поради најавени високи температури не се исклучени и форми на невреме проследени со силен ветер и град.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека ги известуваат сите Подрачни одделенија за заштита и спасување и Единиците на локалната самоуправа за потребата од превземање мерки и координирани активности во рамките на своите надлжности.

ДЗС апелира до надлежните навреме да се проверат шахтите и одводите на критичните точки во градовите низ земјава, како и главните одводни канали, со цел успешно превенирање од можноста за поплавување.