Во сред тага на Карлеуша поради загубата на мајка и Дивна, се огласи и таа и ја откри вистината за неверството на Душко

|

Оваа година е исклучително тешка за пејачката Јелена Карлеуша и нејзиното семејство. Иако неодамна засекогаш ја напушти мајка и Дивна, тоа не е единственото што ги погоди оваа година. Само неколку месеци порано, јавноста на големо се занимаваше со нејзината афера со Огњен Врањеш.

Во центарот на целата афера кружеа и приказни за аферата на Душко. Се шпекулираше дека Јелена ја изневерува сопругот со манекенкатата Софија Милошевиќ, што таа на својот Инстаграм профил го демантираше.

Познатата манекенка сега пред камерите на „Премиера“ ја откри својата страна на приказната.

„Бев вмешена во нешто во кое воопшто не бев актер на случувањата. Бев актер затоа се најдов на иста маса со Душко Тошиќ, Пикси и неговото семејство бидејќи се дружам со неговата ќерка. Мислам дека на некој така му одговарало. Јас и Јелена се слушнавме и мислам дека се зближивме, станавме и пријателки. Таа не веруваше ниту еден момент, посебно ми е смешно тоа што таа вечер со нас беше и тетката на Јелена“ – вели Софија.

По аферата, Јелена одлучи да го тужи фудбалерот Огњен Врањеш.

По овој повод Карлеуша најави правна битка против медиумите кои според неа, ширеа лага за нега и нејзиното семејство.

Во видеото, во кое се гледа како таа седи на маса полна со документи, пејачката изјави:

„Ова е прв и последен пат да се огласувам по овој повод. Се што е досега објавено од страна на медиумите, како моја изјава, изјава на мојот сопруг или член на моето семејство, се апсолутна лага и измислица. Пред мене стојат потпишани правни полномоштва за 120 српски медиуми поради страшна нечовечка медиска антикампања и линч. Удрија на моето име, достоинство, моето семејство, на моите деца, маж, татко, мајка“, и додаде дека ќе го тужи и Огњен Врањеш, бидејќи е соучесник во аферата, ширејќи лаги.

Јелена исто така вели дека сите добиени пари во судскиот спор ќе ги донира.

-Сите пари кои ќе ги добијам од тужбите, покрај парите кои мојот сопруг и јас веќе со години ги даваме во хуманитарни цели, како што е добро познато, јавно ќе ги подарам на најзагрозените групи во Србија.