Во Струмица денеска верниците бараа два крста

ИЗВОРСкопје24
|

Во осветените води на базенот „Аквариус“ во Струмица денеска верниците бараа два крста.

Имено, откако по десетина минути верниците не успееја да го пронајдат фрлениот крст, свештеникот кој раководеше со церемонијата на фаќањето на крстот фрли уште еден со образложение дека поради студеното време „децата ќе настинат“.

Вториот крст набргу беше пронајден, а нешто подоцна и првиот.

И на двајцата струмичани, Илија Неделков и Атанас Божинов, кои ги пронајдоа крстовите, им беа врачени подароци од градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и останатите спонзори на настанот.

Во Скопје инаку Кристијан Ниневски 25-годишниот скопјанец беше најсреќен. Ова е шести пат да се фрла по крстот, но оваа година успеа.

Ниневски им го честиташе празникот на сите граѓани.

Во Охрид пак, утринава во Охрид во водите на езерото беше фрлен светиот крст во присуство на бројни гости од земјава и од странство. Најсреќен годинава во Охрид е Иван Лотески и со ова продолжува традицијата крстот најчесто да го фаќаат Варошани.

„И оваа година крстот го фаќа Иван Лотески, по потекло од Вевчани, инаку стар Варошанец. Нека му е честито!“, рече Господин Тимотеј.

Годинава температурата на водата е најладна во споредба со изминатите години и изнесува 6 степени целзиусови.

Настанот за одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и годинава се одржа во организација на Дебарско – кичевската епархија во соработка со локалната самоуправа, а со поддршка на јавните претпријатија, Црвен крст, нуркачкиот центар „Амфора“.