Се очекува во текот на денешниот ден УЈП да ја објави листата на компании кои и покрај тоа што добиле помош од државата не ја исплатиле ноемвриската плата на вработените.
351 претпријатие по опомената ја исплатиле платата за месец ноември. Најмногу работодавачи кои до сега не го направиле тоа се 43 во трговијата на мало, 37 во подготовка на оброци и 22 транспорт во транспортот.
Управата за јавни приходи за една недела ќе ги блокира сметките на фирмите кои до сега не ја исплатиле платата на своите вработени а примиле државна помош, најави директорката Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.
Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, изјави дека листата на новите неисплаќачи ќе биде доставена до генералниот секретаријат на Владата за да се објави на првиот работен ден во 2021.