До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со повремени локални врнежи претежно од снег. Само на некои пониски места ќе има услови за врнежи од дожд и снег. Повеќе врнежи ќе има во вечерните и во ноќните часови, и тоа во јужните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, и истиот особено во вечерните часови и тоа Долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени во најтоплите предели од државава.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 7 степени.
Инаку како што најавивме, и во следниот период времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО НИСКИ за овој период од годината и минималните понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека на планинските места истите ќе се спуштат и под -10 степени. Максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени во најтоплите предели од државава.
И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде променливо облачно и СТУДЕНО со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Ќе има и услови и за повремено провејување на снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 3 и 5 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki