Во турската серија „Мојот вујко” се брат и сестра, а во реалноста актерите се пар (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Турските серии во моментов се хит во Македонија, но и во целиот Балкан, па не е ни чудо што публиката почна да се интересира за нивните главни херои и она што тие го прават во приватниот живот. Честопати досега сме биле биле сведоци на тоа дека главните љубовници од филмското платно, љубовта ја преземаат и во приватниот живот, па нивните фанови задоволно го гледаат нивниот среќен крај, како во бајките.

Во серијата која е хит на Сител, „Мојот вујко”, актерот Ѓокхан Алкан кого го гледаме како главниот лик Тарик, има семејство за кое не знае, а една од актерките која глуми негова сестра, му беше девојка во реалноста. Се работи за убавата Серкан Петенкаја или во филмот позната како Ѓулај.

Жени земете воздух длабоко – од новиот имиџ на Бали Бег ќе ви се слоши

Еден од најпопуларните турски актери Бурак Озчивит на својот Инстаграм профил сподели фотографија од која речиси полудеа жените.

Имено Бурак во последно време ја пушти косата и сега ја врзува во пунџа со што го следи светскиот машки тренд по кој полудеа жените.

На фотографијата се гледа како позира на тераса облечен во бела маица и црни пантолани, а актерот за само неколку часа доби милиони лајкови. Фановите на актерот му порачаа дека е сладок, згоден и талентиран актер.

Сопругата на Бали Бег објави неодолива снимка од новородениот син

Пред неколку месеци, популарната турска актерска двојка, Фахрие Евџан и Бурак Озчивит или попознати како Бали Бег и Неџла, станаа родители на своето прво дете.

Нивниот наследник го носи името Каран, а турските медиуми го следат секој новитет позврзан со бебенцето.

Деновиве Фахрие на својот Инстаграм профил објави видео на кое на својот мал наследник му пее приспивна песна, а истото собра илјадници лајкови и коментари.

Она што е интересно е дека уште пред да се роди бебето славните родители му отворија Инстаграм профил на кој уште сега има 142 илјади следбеници.

При излегувањето од болницата во Истанбул ги пречекаа новинарите, а во кусиот разговор Фахрие одговорила дека здравјето на синот, како и нејзиното се во најдобар ред.

Исто така потврди дека Бурак присуствувал на породувањето и дека поминало без проблеми.

Каран доби и своја сметка во банка, уште пред да дојде на овој свет.