Во втората половина на месец март ќе почне бесплатниот превоз за пензионери

|

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во предизборниот период вети бесплатен јавен превоз за сите граѓани, но откако беше избрана рече дека тоа ветување може да се оствари само етапно, односно не би било ефикасно доколку веднаш се ослободат сите граѓани од плаќање.

Како прва етапа таа рече дека јавниот превоз ќе биде бесплатен за пензионерите а потоа и за студентите.

Градоначалничката Арсовска, денес информираше дека наскоро ќе започне бесплатниот превоз за пензионерите.

-На штета на граѓаните никогаш нема да се настапува. Јас верувам дека директорот на ЈСП Скопје кој го најде претпријатието во девастирана состојба и се соочува со бројни опструкции, тоа што го ветил и кажал, а што е поминато на седница на Совет,ќе го реализира токму тоа што го кажал, ќе го реализира, потенцира Арсовска.

Како што вели таа во втората половина на месец март ќе почне бесплатен превоз за оваа категорија граѓани.