Најголемите фанови на Вардар веќе се упатија кон скопскиот аеродром. Еуфоријата е уште поголема со закачените знамиња и сирени.
Gepostet von Ivana Filkova am Montag, 3. Juni 2019
Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, преку својот профил на Фејсбук објави кога точно ќе слетаат македонските ракометни херои во Скопје.
Како што пишува Шилегов, авионот со ракометарите на Вардар ќе тргне од Келн во 18.00 часот, а нивно слетување во Скопје се очекува во 20.30 часот.
„Почитувани, заради административни причини (пасоши, документи и сл) авионот од Келн ќе полета во 18.00 часот. Слетувањето во Скопје е најавено во 20.30 часот.
– По кратката дружба на Аеродромот заедно се упатуваме со ИЛЈАДНО ДЕФИЛЕ од автомобили, автобуси, мотори, кон СТО ИЛЈАДЕН ПРЕЧЕК КОН ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА !!!