Најчесто откако ќе ги свариме шпагетите, макароните или лазањите ја фрламе зовриената вода во лавабото. Но, врвните мајстори на кујната велат дека тоа е голема грешка.
Тие оваа вода ја нарекуваат ” златна течност” и ја чуваат за правење на различни видови сосови. Водата во која сте ја готвеле тестенината ќе ги згусне сосовите и ќе им даде специфичен вкус. Затоа, следниот пат не ја фрлајте течноста, а ако не ја искористите веднаш, замрзнете ја за да ви се најде кога ќе подготвувате сос.